Предадени нагледни средства и помагала во ОУ Дебрца од страна на градоначалникот Трајкоски
Денес во просториите на Општина Дебарца градоначалникот Игор Трајкоски изврши предавање во сопственост на нагледни средства и помагала кои ќе се користат при изведување на наставата во ОУ Дебрца.
На предавањето беше присутен директорот на училиштето Иван Димоски кој укажа голема благодарност и смета дека се од големо значење при тоа потенцирајќи дека ќе придонесат за поквалитетна настава при работењето во училиштето.
Се работи за следните средства: Човечко тело, Скелет на човек, Микроскоп, Микроскоп препарати по анатомија, Микроскоп препарати по ботаника, Микроскоп препарати по зоологија, Покривно стакло, Предметно стакло, Кутии за микроскоп препарати, Прибор за дисекција, Епрувети, Пипета, Инка, Шпиритусна ламба, Сатно стакло, Ерленмаер, Чаши, Сталажа за епрувети, Пипета капалка, Четки за чистење епрувети, Ламукс, Динамометар, Демонстратор за прв Њутнов закон, Електроскоп, Тродимензионален демонстратор на магнетни сили, Основна келија, Уред за ширење на телата при загревање, Демонстратор на паскаловиот закон, Кондуктометар, Најлонска прачка за проучување на електрицитетот на телата, Дрвен шестар за цртање кружници на табла, Карта на Р. Македонија, Карта на Европа, Топки за фудбал, кошарка, одбојка, ракомет. Сето тоа во вредност од 125 000 денари.