27/11/2024
Охрид

Предавање „Дијабетот го засега секое семејство“ со д-р Кристина Стојаноска Алоска

Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против шеќерната болест, 10-16 октомври, Црвен крст Охрид организира едукативно предавање на тема „Дијабетот го засега секое семејство“.

Сите заинтересирани може да присуствуваат на предавањето кое ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид, во понеделник, 15.10.2018 година во 11:00 часот. Предавач ќе биде Д-р Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог во ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“ во Охрид, која ќе ги разјасни сите отворени прашања кои можеби ги имате и посебно ќе се даде осврт на релацијата на дијабетот и оралното здравје.