22/11/2024
Охрид

Предавање „Нашата татковина Република Македонија“ за петоодделенците од ОУ „Григор Прличев“

Учениците од петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ на 30.10.2018 (вторник), имаа можност да го слушнат предавањето на познатиот историчар во пензија проф. Наце Иваноски. Часот го проследија учениците од V1 и V2 одделение, учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа, додека на 2.11.2018 год (петок), предавањето ќе го слушаат и учениците од V3, V4, V5, со учителките Нина Ристеска, Мимоза Трајческа и Радмила Лотеска.

На отворениот час по предметот општество на темата „Нашата татковина Република Македонија“ професорот реализира одлично излагање со краток и прецизен историски осврт кон најзначајните настани од историјата на македонскиот народ. Ги водеше младите слушатели низ историјата со хронолошка прецизност задржувајќи се на клучните моменти, а на прашањата одговараше со енциклопедиска точност. Отворениот час беше успешно реализиран, а учениците побараа професорот повторно да ги посети.

Ваквите часови остануваат во нивните сеќавања, а историчарите кои истовремено имаат одлични педагошки квалитети почесто треба да се помеѓу учениците.