Прекин на јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред за 2021 година
Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување -инвертер клима уред за 2021 година.
Јавниот повик беше објавен на 16-ти март 2021 година, согласно Програмата за заштита на животната средина и природата.