Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради промена на линиски шибер на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул. „Дејан Војвода“. Исто така поради настанати дефекти на водоводни линии на ул. „Ирина Гинова Мирка“ и дел од ул.„Никола Карев“.
Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.