26/11/2024
Струга

Прекршен изборниот молк во Враништа и Мислешево

Денес, (20.04.2019) во два одделни случаи прекршен е изборниот молк во Враништа и Мислешево, и тоа:

  • околу 09:00 часот, во полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори. 
  • околу 09:00 часот, во полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.