23/11/2024
Охрид

Преку европските фондови ќе се подобрува прекуграничната соработка и работата на невладиниот сектор

Градоначалникот Јован Стојаноски денеска имаше работна средба со Никола Бертолини раководител на секторот за соработка  на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. На средбата се разговараше за  прекуграничната соработка  и искористување на ИПА програмите на Европската Унија  во областа на земјоделството и руралниот развој, образованието, како и за конкурентноста и економското окружување.Посебно беше потенцирано дека е потребна зголемена соработка со невладиниот сектор кој со  нивните активности видно придонесува за развој на граѓанското општество.