23/11/2024
Охрид

Премиера на „Баал“ вечерва во Охридскиот театар

Народниот театар од Охрид вечерва (5 декември, вторник) со почеток во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“, работена по дело на Бертолд Брехт, а во режија на Андреј Цветановски…

Режисерот Андреј Цветановски појаснува дека претставата е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме.

Во претставата игра актерска епипа од Охридскиот театар и тоа: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски,Биљана Билаловиќ-Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски иТони Денковски.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата-Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.