Премиера на камерната опера „Помеѓу соништа и летови“ во МОБ
Во рамките на 41-то издание на „Деновите на македонската музика“, на малата сцена во Македонската опера и балет, утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена камерната опера во еден чин „Помеѓу соништа и летови“, по музика и либрето на Горан Начевски …
Режисер на оваа камерна опера е Љупка Јакимовска, сценографијата ја изработи Зоран Николовски, костимите се дело наБранкица Јордановска, а кореографијата на Маја Каревски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Иван Еминовиќ. Улогите во оваа оперско дело ги толкуваат: Александра Лазаревска Василевски, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Илин Силјановски.
Во најавата на операта, организаторите нагласуваат дека е невозможно да се наведе конкретна кратка содржина на камерната опера, бидејќи самиот поднаслов е „сценска лирска фантазија“ и целта е секој од публиката да донесе свое толкување и заклучок од случувањата во приказната, за што, несомнено ќе придонесе и видувањето на режисерката Љупка Јакимовска. Камерната опера се реализира со поддршка на Министерството за култура. Влезот за претставата е слободен.