22/11/2024
Охрид

Премиера на новиот македонски филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески

Премиера на новиот македонски филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во деновите 7-ми (петок) и 8-ми (сабота) октомври 2022 година со почеток во 20:00 часот, цена на карта 150 денари.

Оригинален наслов: Снежана на крајот умира
Траење на филмот: 106 Минути
Земја / година: CYP, MKD/2022
Жанр: комедија/драма

„Снежана на крајот умира“ е филм за добрината, заборавивме да бидеме добри со луѓето околу нас, вели режисерот Кристијан Ристески, чиј дебитантски долгометражен филм го затвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Содржина: Животите на една хикикомори уметница, радио водител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог анти-наталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност.


WebOhrid / 02.10.2022 / Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид