23/11/2024
Охрид

Премиера во Охрид на претставта „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс

Претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, премиерно ќе биде прикажана во Охрид, на 3ти јуни (недела), со почеток во 20:00 ч. Влез ќе чини 250 денари.

Претпремиера ќе има на  2ри јуни (сабота), со почеток во 20:00 часот. Влезот ќе чини 200 денари.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски, во режија: Софија Ристевска Петрушева. Превод: Јасмина Петровска, сценограф: Михаел Димитровски, костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, кореограф: Кире Миладиноски, фото и дизајн: Петар Тасевски.

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.“ вели Софија Ристевска Петрушева.

Билетараницата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот.