30/11/2024
Охрид

Премиерот Ковачевски во Охрид на Преспа форум за дијалог

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше на отворањето на второто издание на Преспа форумот за дијалог, кој денеска и утре се одржува во Охрид.

Премиерот Ковачевски го проследи обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски пред гостите на форумот, активни и поранешни шефови на држави и влади, министри и членови на влади од Европа, САД, како и претставници на меѓународни организации како ОН, ОБСЕ и други, и претставници на граѓанските и тинк-тенк организации од земјата и од странство.

Претседателот на Владата во рамките на неговата агенда на Преспа форумот за дијалог, денеска се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и со посебниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

Премиерот Ковачевски како главен говорник утре, на 17 јуни 2022 година, ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, која е предвидено да започне во 9:30 часот.

Обраќањето на премиерот Ковачевски може да го следите на следниот линк.

Во текот на утрешниот ден за време на Преспа форумот за дијалог, премиерот Ковачевски е предвидено да има и билатерални средби со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, со генералната потсекретарка на ОН за политички прашања и мировни операции Розмари Ди Карло, со министерот за надворешни работи на Република Полска и актуелен претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау, со секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан), Пол Ричард Галагер и со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.