22/11/2024
Македонија

Премиерот Спасовски го прими Драган Јордановски, иден амбасадор на нашата земја во Естонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски го прими Драган Јордановски, иден амбасадор на нашата земја во Естонија.

Премиерот Спасовски, на господинот Јордановски му посака успешно привршување на подготовките пред неговото заминување на должноста амбасадор, како и успех во неговите претстојни активности како наш амбасадор во Талин, Република Естонија.

На средбата беше истакнато дека функционирањето на нашите амбасади во земјите членки на ЕУ во полн капацитет е од исклучително значење во претстојниот период на подготовки на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ.

Од аспект на билатералната соработка со Естонија, беше речено на средбата, особено е важно да се обезбеди континуитет на добрата соработка меѓу двете земји, особено во делот на нашето сојузништво во НАТО и искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебните комуникации во одредени сфери, пред сѐ во делот на образованието и дигиталната технологија.