22/11/2024
Охрид

Премиерот Заев и градоначалникот Георгиески официјално ја пуштија во употреба ул. „15-ти Корпус“

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, заедно со премиерот Зоран Заев денеска официјално ја пуштија во употреба улицата „15-ти Корпус“, која е комплетно реконструирана по сите најсовремени стандарди.

  • Охриѓани добиваат уште една вредна капитална инвестиција која значително ги подобри условите за безбеден сообраќај.
  • Драго ми е што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок, истакна градоначалникот Георгиески.