Премиерот Заев испрати писмо со сочувство до египетскиот претседател Ел-Сиси за трагедијата во џамијата во Бир ал-Абед на Синај во Египет
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во име на Владата и во име на народот на Република Македонија, испрати писмо со сочувство до Претседателот на Египет Абдул Фатах Ел-Сиси за трагедијата во џамијата во Бир ал-Абед на Синај во Египет, кога од експлозија на бомба и во огнен напад загинаа над 300 лица меѓу кои и деца.
„Прифатете го моето најдлабоко сочувство за трагичниот настан и за загубените животи. Овој ужасен настан предизвика длабока тага и страв кај сите наши граѓани и семејства во двете земји. Останува надежта дека ние, политичките лидери, остануваме посветени на спречување на таквите ужасни напади врз нашата слобода и дека заеднички ќе се бориме да изградиме побезбедни и подобри општества“, се вели во писмото со сочувство на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, до Претседателот на Египет Абдул Фатах Ел-Сиси, за трагедијата во џамијата во Бир ал-Абед на Синај.