22/11/2024
Македонија

Премиерот Заев испрати писмо со сочувство до семејството Зулбеари во Тетово

Претседателот на Владата на Реублика Македонија Зоран Заев денеска испрати писмо со сочувство до семејството Зулбеари во Тетово, кое во трагичен настан во пожар загуби 5 члена од своето семејство.

Во писмото на премиерот Заев се вели:

„Силно потресени од трагедијата што му се случи на Вашето семејство, не можат да се најдат вистинските зборови на утеха за оваа длабока траума.

Дозволете ми во мое лично име, во име на Владата на Република Македонија, како и во име на сите граѓани на нашата земја да го изразиме нашето длабоко сочувство во овие тешки моменти за вас.

Трагичната загуба не може да се надомести, но во вакви моменти во заедницата во која живеете, и во целото општество во Република Македонија, ќе дојде до израз солидарноста и поддршката што можат да бидат од помош за Вашето семејство“, пишува во писмото со сочувство до семејството Зулебари на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.