Премиерот Заев ќе биде во Струга по повод празникот Богојавление Водици
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утре (петок, 19.01.2018 година) ќе биде во Струга по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.
Тој ќе присуствува на чинот на спуштање на крстот и осветување на водите во реката Црн Дрим (Чаршиски мост од страната на зградата на општина Струга) со почеток од 11:00 часот.