Премиерот Заев ќе користи одмор поради приватни причини
Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај 2019 година ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.
Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот.