23/11/2024
Македонија

Премиерот Заев ќе престојува во дводневна посета на Брисел, на средби со врвот на ЕУ

Премиерот Зоран Заев на 5-ти и 6-ти декември (вторник и среда) ќе престојува во дводневна посета на Брисел, при што ќе учествува на повеќе настани и ќе оствари средби со високи претставници на европските институции.

Во рамки на посетата, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на Европскиот молитвен појадок, на покана на европратеникот Алојз Петерле.

Премиерот Заев ќе учествува на настан на Центарот за европски политички студии (CEPS) како и на јавен настан во организација на Фридрих Еберт фондацијата (FES).

Во среда, 06.12.2017 година, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, со претседалот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, со Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и со еврокомесарот Јоханес Хан.