22/11/2024
Македонија

Премиерот Заев ќе присуствува на „Економска конференција на Црна Гора 2017 – Предизвици на патот кон Европската унија“

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, утре и задутре, 02-ри и 03-ти ноември ќе учествува на меѓународната економска конференција којашто се одржува во Будва, Република Црна Гора насловена „Економска конференција на Црна Гора 2017 – Предизвици на патот кон Европската унија“.

Премиерот Заев ја предводи делегацијата на Владата на Република Македонија во којашто се и Кочо Анѓушев-заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Крешник Бектеши – Министер за економија и Рената Тренеска Десковска – министерка за образование и наука.

Утре (02.11.2017 година, четврток) претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе има обраќање на панел дискусијата на тема „Регионот после четири години од Берлинскиот процес“. Во рамки на посетата, премиерот Заев, ќе има и работна средба со потпретседателот на ЕБРД, Пиер Хајрброн.

Во петок (03.11.2017 година) предвидени се билатерални средби.