22/11/2024
Македонија

Премиерот Заев на средба со претставници на Сенатот на Република Италија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во посета прими делегација на Сенатот на Република Италија, предводена од Претседателот на сенатската Комисија за политики на Европската Унија Ванино Кити, и придружувана од амбасадорот на Италија во Скопје Карло Ромео.Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во посета прими делегација на Сенатот на Република Италија, предводена од Претседателот на сенатската Комисија за политики на Европската Унија Ванино Кити, и придружувана од амбасадорот на Италија во Скопје Карло Ромео.

Премиерот Заев на средбата со италијанската сенатска делегација истакна дека за Република Македонија е од исклучително значење долгогодишното и искрено пријателство со Република Италија. Тоа е особено беше изразено со поддршката на Италија во периодот на осамостојувањето на Република Македонија, како и во сите клучни фази од процесот на евро-атлантските интеграции на нашата земја.

Секоја нова средба со високи претставници на најзначајните италијански државни институции е сигнал дека пријателството меѓу двете земји постојано се одржува и надградува, истакна премиерот Заев на средбата со претставниците на Сенатот на Република Италија.

Особено значајни се контактите и соработката меѓу Собранието на Република Македонија и двата дома на италијанскиот парламент, на прашања поврзани со аспирациите на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ, беше нагласено на оваа средба.

Искрената соработка и взаемна доверба на двете земји на високо ниво, дава резултати и во економската соработка. Тоа го потврдува фактот дека Република Италија е меѓу петте најзначајни економски и трговски партнери на Република Македонија, рече Претседателот на Владата на Република Македонија.

Заеднички интерес на двете земји, беше потенцирано на оваа средба, е развојот на Коридорот 8, како еден од првенствените проекти од Самитот на земјите на Западен Балкан во Трст оваа година.

На средбата на премиерот Заев со делегацијата на италијанскиот сенат, беше констатирано дека во Република Италија се едногласникога е во прашање интергацијата на Западен Балкан во ЕУ, и дека и понатаму останува силен афирматор и поддржувач на стратешките цели на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО.

Република Италија исто така останува цврсто на ставот дека вратите на ЕУ и НАТО се отвораат и за Република Македонија и заради нагласената главна определба на Република Бугарија, како следен претседавач на ЕУ, земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, да бидат во приоритетите на следното проширување на унијата.