23/11/2024
Македонија

Премиерот Заев на Виенскиот економски форум

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска учествува на Економскиот форум во Виена „Дијалог за иднината 2017“, Австрија, која оваа година е посветен на темите „Политиката се среќава со економијата“ и „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“.

Во изјавата за медиумите по тој повод, премиерот Заев изјави:

„Дозволете да го изразам моето задоволство што присуствувам на високо почитуваниот Виенски економски форум што претставува посебна чест заради тоа што дебатата е посветена на Југоисточна Европа и Балканот.

Соработката помеѓу бизнисот и политиката е нешто што е навистина отворена тема и во нашето македонско општество и нешто на што е фокусирана владата со огромен процент од својата енергија. Во присуство на познати луѓе на Виенскиот економски форум, но и со луѓе од целиот наш регион, од земјите од Западен Балкан, земјите кои што се аспиранти кон Европската Унија, дебатираме на едно отворено ниво, на висока инстанца, како што знаел Виенскиот економски форум тоа да го прави, за да го приближиме нашето македонско семејство со целиот Западен Балкан, до Европската Унија како конечна цел.

Јас верувам дека навистина низ унапредувањето на економските аспекти на живот во Република Македонија многу побрзо можеме да ја доближиме Македонија до Европа. Впрочем тоа што е наша цел практикувајќи ги европските вредности, и во Македонија да го приближиме нашиот стандард со стандардот на граѓаните на Европската Унија. Тоа е единствено можно преку соработката на политиката со бизнисите. Навистина, новите работни места, повисокиот стандард на живот на граѓаните, растот на бруто домашниот производ, е возможно да се остварат преку директни инвестиции, домашни или странски, преку мотивирање на отворање на нови работни места, нови производствени погони и зголемување на економската трговија генерално, пред сѐ партиципирајќи посебно на извозната компонента која што претставува значаен фактор за одржлив дел на економскиот раст и развој на Македонија.“

https://www.youtube.com/watch?v=X-19ePY3gzM