Премиерот Заев оствари работна средба со раководството на ИВЗ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Дарјан Сотировски, денеска оствари средба со раководството на Исламската верска заедница во Република Македонија, предводено од Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.
На средбата беа разговарани тековните прашања од интерес на ИВЗ, како и проблемите во функционирањето на муфтиствата.
Исто така, на средбата беа разгледани можности и перспективи за динамизирање на соработката во следниот период во насока на изнаоѓање на соодветни решенија за преостанатите прашања со денационализацијата на верските имоти на ИВЗ.
За оваа верска заедница тема од интерес беа верските образовни институции, со посебна нагласка на проблематичниот статус на училиштата кои пропагираат и учат исламски верски фанатизам и радикализам.
Премиерот Заев ги афирмираше ставовите на Владата за почитувањето на верските потреби и слободи на граѓаните и за подобрување на комуникацијата со верските заедници за заедничко решавање на проблемите и зацврстување на меѓусебната доверба како клучен фактор во градењето заедничко општество.