Премиерот Заев по средбата со Рот: Продолжува одличната соработка со СР Германија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на СР Германија.
На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов.
Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.
Агендата на премиерот Заев продолжува со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.