26/11/2024
Македонија

Премиерот Заев прими делегација на здружението „Клуб на генерали“

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, прими делегација на здружението „Клуб на генерали“ во кое членуваат активни и поранешни генерали.

Членовите нa делегацијата го запознаа премиерот Заев со програмските активности на здружението, кои главно се фокусирани на прашањата за безбедноста и одбраната, и кои, меѓу другото, своето искуство и стручно знаење од овие области го користат при креирањето на анализи и стратегиски документи за безбедносните и одбранбените прашања и потреби на државните институции за безбедност и одбрана.

Во разговорот со премиерот Заев, на кој присуствуваше и Националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО Стево Пендаровски, членовите на „Клуб на генерали“ ги понудија своето искуство, знаење и експертиза во областите на одбраната и безбедноста, како и својата експертиза во процесите за реформи во АРМ.

Премиерот Заев изрази поддршка за нивната иницијатива, и истакна дека секоја помош и соработка во овие процеси, во клучната фаза од нашето пристапување за членка на НАТО, е добредојдено.