26/11/2024
Македонија

Премиерот Заев со честитки до српската заедница во Република Македонија по повод празникот Св. Сава

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод празникот Св. Сава, испрати честитки до српската заедница и до припадниците на православната вероисповед што го празнуваат овој верски празник.

Премиерот Заев во писмото со честитки истакнува:

„Дозволете ми, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да им го честитам големиот православен празник, посветен на Свети Сава, со желби за добро здравје, радост и благосостојба.

Славењето на овој голем празник, од посебно значење за српската заедница, истовремено е и придонес кон промовирањето на мултикултурализмот и меѓусебното разбирање во Република Македонија.

Со славењето и почитувањето на празниците на нашите сегашни и идни поколенија создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество“, пишува во писмото со честитки по повод празникот на српската заедница во Република Македонија Св. Сава, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.