Премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и министерот Николовски во посета на тиквешкиот регион по повод одбележување на Св.Трифун
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во текот на утрешниот ден ќе го посетат тиквешкиот регион, Кавадарци, Неготино и Демир Капија по повод одбележување на св. Трифун и традиционалното закројување на лозјата.
Посетата на премиерот Заев и владината делегацијата започнува во 10:30 часот на средба и прием кај градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Потоа, премиерот Заев и владината делегација се упатуваат во Неготино кадешто во 11:10 часот е предвидена средба со градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков, а потоа планирана е заедничка прошетка и посета на изложбени штандови во центарот на градот.
Во 11:30 часот, во центарот на Неготино предвидена е заедничка изјава за медиуми на премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и министерот Николовски.
Премиерот Заев и владината делегација ќе ја посетат и винаријата Тиквеш во Лепово кадешто заедно со сопствениците традиционално ќе ги закројат лозјата, а потоа ќе се упатат кон винаријата Вила Марија кадешто заедно со градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров ќе имаат прилика да присуствуваат на настан на презентација и лицитација на вино во хуманитарни цели.