Премиерот Заев во посета на РЕК Битола
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во текот на вчерашниот ден оствари работна посета на рударско енергетскиот комбинат РЕК Битола во рамки на која заедно со директорот на АД ЕСМ, Драган Миновски и директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски направи обиколка на производствените капацитети и реализираше средба со Управниот и надзорниот одбор.
Целта на посетата беше премиерот Заев одблиску да се информира за работата на РЕК Битола и за тековните и идните планови на АД ЕСМ.
„На 29-ти март распишан е тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола. Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра, пари кои компанијата ги обезбедува од сопствени извори, што дополнително не радува нас како Влада. Една од најзначајните компании во државна сопственост инвестира повеќе од 20 милиони евра кои сама ги заработила. Тоа значи дека во минатото останале времињата кога Државните електрани кубуреа со струја, увезуваа скапа струја и парите оделе во непотребни инвестиции. Сега ЕСМ е насочена кон произвдство на струја со која ги задоволуваат потребите на потрошувачите во земјата, а како што неодамна слушнавме, врши и продажба на вишоци, со што остварува добивка и за сопствениот и за државниот буџет. Инвестицијата во реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола е дотолку позначајна што е најголемата во областа заштита на животната средина во земјава или барем во компанија во државна сопственост. Заштитата на животната средина во минатото беше запоставена, а сега претставува еден од приоритетите на оваа Влада. И ќе биде уште позначајна како Република Северна Македонија ќе чекори кон НАТО и Европската Унија, каде стандардите се на високо ниво“ изјави премиерот Заев.
Директорот на АД ЕСМ, Драган Миновски ги презентираше деталите од јавниот оглас за реконструкција на електростатските филтри што значително ќе придонесе за заштита на животната средина во пелагонискиот регион.
„Постоечките електростатски филтри се направени во далечните 70-ти години, во 1979 година, а реконструирани и модернизирани по 1989 година. Со оваа модернизација на целиот систем, од постоечките стандарди кои се 100 милиграми на нормален метар кубен издувот на прашина ќе се намали за под 20 милиграми на метар кубен што е европски стандард и ќе придонесе за многу поголема заштита на животната средина“, изјави директорот Миновски и најави дека во следниот период АД ЕСМ започнува постапка за изградба на нова фотоволтаична електрана помеѓу ладилните кули во РЕК Битола и рударскиот дел од РЕК Битола.
„Санација на системот на филтрите на трите блока во РЕК Битола е од суштинско значење и едно од главните ветувања на оваа влада за заштита на животната средина во Битола, Могила, Новаци и околните населени места. Со оваа телмелна реконструкција на системот на електростатските филтри, со правилен третман на пепелта којашто доаѓа од производството, со прскањето на тие полиња, со примената на квалитетен ископ и транспорт на јагленот и сѐ она што значи исполнување на еколошки стандарди, веруваме дека во следниот период силно ќе влијаеме врз подобра животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот“, рече директорот на РЕК, Васко Ковачевски.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев оствари работна посета на РЕК Битола во рамки на која, заедно со директорот на АД ЕСМ, Драган Миновски и директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски направи обиколка на производствените капацитети и реализираше средба со Управниот и надзорниот одбор.
Ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост.
„По убавата вест од РЕК Осломеј каде АД ЕСМ ќе гради фотоволтаична централа, денес доаѓа уште една прекрасна вест од Електрани на Северна Македонија, овојпат од РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во нашата држава.
На 29ти март распишан е тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола. Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра, пари кои компанијата ги обезбедува од сопствени извори, што дополнително не радува нас како Влада. Една од најзначајните компании во државна сопственост инвестира повеќе од 20 милиони евра кои сама ги заработила. Тоа значи дека во минатото останале времињата кога Државните електрани кубуреа со струја, увезуваа скапа струја и парите оделе во непотребни инвестиции. Сега ЕСМ е насочена кон произвдство на струја со која ги задоволуваат потребите на потрошувачите во земјата, а како што неодамна слушнавме, врши и продажба на вишоци, со што остварува добивка и за сопствениот и за државниот буџет.
Инвестицијата во реконструкција на системот на електростатските филтри на РЕК Битола е дотолку позначајна што е најголемата во областа заштита на животната средина во земјава или барем во компанија во државна сопственост. Заштитата на животната средина во минатото беше запоставена, а сега претставува еден од приоритетите на оваа Влада. И ќе биде уште позначајна како Република Северна Македонија ќе чекори кон НАТО и Европската Унија, каде стандардите се на високо ниво.
Затоа, особено ме радува фактот што АД ЕСМ и РЕК Битола преземаат чекори во насока на заштита на животната средина за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во пелагонискиот регион, но и да не дозволат кога ќе дојде моментот за преговори или зачленување на државата во Европската унија, прашањето за заштитата на животната средина да биде еден голем проблем за нашата земја.
Во оваа насока, на почетокот на постапката за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола, се надоврзуваат и планираните тендери на Државните електрани за изградба на ветерен парк во Богданци – втора фаза и тендер за изградба на ветерен парк во Миравци, а наесен се очекува и почетокот на изградбата на топлификацијата кон Новаци, Могила и Битола. Сите овие проекти на АД ЕСМ ќе значат подобар живот за граѓаните во овој дел од државата.
Владата на Република Северна Македонија ги охрабрува Државните електрани да продолжат и понатаму на патот кој го трасиравме, а тоа е патот кон развојот и прогресот. Владината поддршка ќе ја имаат во сите чекори и проекти што ги реализираат и ги планираат, бидејќи без стабилен електроенергетски систем, нема стабилна држава.
Кратко резиме на сето тоа, парите коишто Електрани на Северна Македонија ги заработуваат се враќаат овде во електраните. Порано парите се трошеа на непотребни проекти, на кои се исмејуваа граѓаните. 20.4 милиони евра во екологијата, а останатите пари од добивката исто ќе се вратат овде. Јас верувам дека тоа ќе даде сериозен придонес и во севкупната имплементација на капиталните инвестиции во државата и парите ќе одат таму каде што треба. Сета оваа реинвестирана добивка којашто се случува во филтри или во опрема, или во ископите ќе донесе нови вредности и нови профити за кои вреди да се работи“.