Прес-конференција спроти утрешниот меч против Англија
Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Англија и македонија на „Олд Трафорд“ во Манчестер, прес – конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Стефан Ристовски.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите.
Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција на денешниот натпревар. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели.
Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален или тимски најдобар. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал“.
Стефан Ристовски – капитен на македонската А репрезентација:
„Ретко е за Македонија да игра вакви натпревари, на вакви стадиони. Самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација, туку да излезеш и да покажеш она кое го поседуваш. Ние сме очигледно таква екипа, која игра големи натпревари и сака да прави чуда. Се надевам дека цела нервоза која ја чуваме од мечот со Украина, ќе го префрлиме на теренот.
Сите играчи имаат големи натпреварувања и лиги. Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски нешто да направиме“.
WebOhrid / 18.06.2023 / ФФМ