Претрес во Дебар, пронајдена дрога
На 25.07.2021 околу 00.30 часот на ул.„8-септември“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода Н.И.(37) од Дебар затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени електронска вага со остатоци од марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.