Претрес во куќа во Велмеј, пронајдени и одземени автоматска пушка и куршуми
На 09.12.2021 во селото Велмеј, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(43) од Охрид.
При претрес во куќа негова сопственост, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка и вкупно 73 куршуми за автоматска и ловна пушка од различни марки и калибар, што нелегално ги поседувал.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 10.12.2021 / СВР Охрид