Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
На 06.03.2024 во 16.20 часот на улица „Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода П.К.(23) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 07.03.2024 / СВР Охрид