Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени две лица
На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Охрид, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.