Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 01.03.2023 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.П.(34) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин.
Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 02.03.2023 / МВР