Претрес во Охрид, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице
На 08.02.2023 во 16:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Т.(36) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 09.02.2023 / МВР