30/11/2024
Охрид

Претрес во охридско, пронајдена муниција

На 31.12.2021, по претходнo добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.Н.(30) од охридското село Горно Лакочереј. Притоа, полициските службеници од СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа триесет и три куршуми за автоматска пушка и три куршуми за пиштол калибар 9 милиметри, што неовластено ги поседувал.

Тој е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.