Претрес во Ресен, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 17.03.2023 од 14.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода Н.Ќ.(27) од Ресен.
При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.