26/11/2024
Македонија

Претреси во Синѓелиќ, запленети околу 10 кг марихуана, приведени две лица

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

Имено, во текот на денешниот ден (15.01.2021), по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми. 

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик.