22/11/2024
Охрид

Претседателката на Советот на општина Охрид оствари средба со заменик амбасадорот на Шведска

Претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, вчера оствари средба со Јохан Хенриксон, Заменик Амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

Средбата беше остварена во рамки на работилницата од Интернационалната тренинг програма “Enabling Local Democracy and Inclusive Urban Development through the SymbioCity Approach 2018-2019  која се одржува во Охрид, во организација на ICLD (Интернационалниот центар за Локална демократија)  и SKL International (дел од шведската асоцијација на локални управи и региони) од Шведска.

Ангелоска им посака пријатен престој во Охрид на сите учесници во програмата и изрази надеж за понатамошна соработка помеѓу Амбасадата на Кралството Шеведска и Општина Охрид.