Претседателот Иванов им честиташе на победниците на Охридскиот пливачки маратон
Италијанските пливачи Франческо Џетини во машка и Барбара Позопон во женска конкуренција се победници на 32. Охридски пливачки маратон, кој се одржа под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Трката стартуваше кај комплексот „Св. Наум”, а заврши кај градското пристаниште во Охрид. На 25 километри долгата патека „Климе Савин” се натпреваруваа вкупно 30 пливачи во машка и во женска конкуренција. Македонија ја преставуваа Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски.
По пристигнувањето на победниците на целта, кај градското пристаниште, претседателот Иванов, им честиташе за победата и им додели лаворови венци