22/11/2024
Македонија

Претседателот Иванов ја прифаќа поканата за информативна средба иницирана од премиерот

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од г. Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, закажана за утре,19 мај 2018 година.

„Информираме дека до денеска, 18 мај 2018 година, до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција.

Сметаме дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател.“- велат од Кабинетот на претседателот.

Претседателот Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името.