Претседателот Иванов во официјална посета на Република Молдавија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија.
Претседателот Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од Претседателот на Република Молдавија, г. Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со Премиерот на Република Молдавија, г. Павел Филип и со претседателот на Парламентот на Република Молдавија, г. Андриан Канду.