Претседателот на ГДУ, Петар Колев со реакција на анкетата на Макфакс
Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, реагираше на соопштението за анкетата, објавено од страна на Макфакс, според кое 83.7 посто од испитаниците сакаат да се иселат од земјата:
„83.7% не е 100% -Гласај масовно за ДПМНЕ и СДСМ, да ја заокружиме стотката!
83.7 % од испитаниците во анкетата на Макфакс се изјасниле дека сакаат да се иселат од Македонија. Анкетата е направена со учеството на над 9000 испитаници.
Поради овие податоци, најдобронамерно ги молиме нашите родители, баби и дедовци, комшии и роднини, да излезат масовно на следните избори и да го дадат својот глас за ДПМНЕ и СДСМ и особено во Охрид, како најпогоден град од „белата чума“.
Така барем ќе ги убедиме дека апсолутно се во право тоа што над 90% од младите луѓе во земјава сакаат да се иселат.
Одиме заедно напред–》 Правда за Македонија, татковината повикува!“, напиша Петар Колев на својата официјална facebook страна.