Претседателот на Собранието Гаши во посета на Општина Охрид
Претседателот на собранието на Р. Македонија, Африм Гаши денеска оствари протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
На средбата градоначалникот го информира гостинот за начинот на функционирање на локалната власт. Како еден од најбитните проекти на актуелното раководство беше издвоено целосното раздолжување на Општината која од втора најзадолжена на ниво на држава, во моментов има позитивно салдо. Стана збор и за останатите крупни проекти за кои во тек се постапките за градба, катна гаража, основно училиште, прочистителна станица кај село Трпејца, изградба на плоштадот „Крушевска Република“ и спортска сала во с. Лескоец.
Претседателот Гаши покажа интерес за работата на канцеларијата на охридските пратеници.
Двете страни разменија мислења за Охрид како посебна општина во однос на останатите, како најбитен туристички центар заштитен од УНЕСКО кој одлично ја промовира државава во Светов.
WebOhrid / 06.12.2024 / Општина Охрид