25/11/2024
Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оствари средба со британската премиерка Тереза Меј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (17 мај 2018 година) оствари средба со британската премиерка Тереза Меј.

 На средбата стана збор за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање.