Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски oствари средба со министерот Никос Коѕијас
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕијас.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на искрено пријателство и меѓусебно почитување. Македонија и Грција треба да имаат заеднички интерес за засилена соработка во многу полиња кои се од интерес на граѓаните од двете држави, на економски и политички план.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да продолжи со својата евроатланска агенда и процесот да биде одблокиран. Тоа ќе придонесе и за интеграција и стабилизирање на регионот преку засилена соработка во рамките на глобалните структури кон кои тежнее Република Македонија и природно припаѓа.
На средбата претседателот Мицкоски ги афирмираше официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.
На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси.