Претседателскиот кандидат Пендаровски денеска меѓу охриѓани и нивните гости
Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендароски, денешниот, втор ден од викендот, ќе го мине во средби и разговори со охриѓани и нивните гости.
Како што информираше претседателот на Општинската организација на СДСМ за Охрид, Лазе Танески, Пендароски, најнапред ќе се задржи во непосредни средби и размена на мислења, со продавачи и граѓани – купувачи, на градскиот пазар во Охрид.
Претпладнето, исто така, ќе го помине во средби со граѓаните по старата охридска чаршија, крајезерскиот кеј, како и во старото градско јадро, кај бројните црквите и останатите древни споменици на нашата историја и култура.
Поширока средба со граѓаните, претставници на невладини организации и други асоцијации, претседателскиот кандидат Пендароски, ќе има во 13 часотво, хотелот “Милениум – палас”.
Како што најавуваат од ОО на СДСМ во Охрид, средбата и разговорите, се од отворен карактер, со цел интертактивна размена на мислења за иднината на земјата, посебно од аспект на проблемите и потребите на младите, потоа за придобивките од членството во НАТО, како директен позитивен одраз за економијата, сигурноста, како и за други прашања од секојдневниот живот, како што се заедништвото и помирувањето, општо и интра-етнички, помегу Македонците, односно за концептот едно општество за сите.
В.М.