Претставата „Аналфабет“ вечерва пред охриѓани
Вечерва, со почеток во 20:00 часот, Народниот Театар Охрид ќе ја одигра хит комедијата „Аналфабет“, работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат актерите на Народниот театар од Охрид: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Цената на картите чини 200 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години, во истата се користат пиротехнички средства.