Претставата „Балканска“ 3 а/2 утре репризно пред охриѓани
Утре, 7-ми јуни во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот репризно ќе биде изведена претставата „Балканска“ 3а/2 од Дејан Дуковски. Цената за билет чини 200 денари.
Претставата е во режија на Ана Батева, сценографија/костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.
Во неа играат: ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски, МИРНА – Елизабета Стефановска, АРСЛАН – Филип Кипровски, ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски.
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.