Претставата „Каде е пиштолот?“ во петок повторно пред охриѓани
На 21ви февруари (петок), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде изведена преставата „Каде е пиштолот?“ од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, во режија на Дејана Николовска. Претставата е со почеток во 20:00 часот.
Во истата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, и Стрезо Стаматовски.
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.